-->
-->
СЕХА лига: Ново реми Вардар - Веспрем
-->

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено со Веспрем дома 30:30. Во последната минута најпрвин шампионот Веспрем преку Илиќ поведе со 30:29, а во последните секунди Брумен со „маркер“ погоди за изедначување.
Првата посериозна предност Вардар ја имаше во 19.минута кога поведе со 9:6, но брзо Унгарците изедначија, а на полувремето Вардар водеше со 13:12. Почетокот на вториот дел мина во знакот на Веспрем. Гостите поведоа со 19:16 (39.минута). „Црвено-црните“ имаа предност од еден гол во 49.минута (24:23), но пак Веспрем поведе 27:25 (54).
Резултатот беше изедначен дури 17 пати.
Најефикасен на дуелот беше Момир Илиќ со 10 голови, кај Вардар Дибиров и Циндиќ постигнаа по 6.
Веспрем остана на чело на табелата со 44 бодови, Вардар е втор со 41.
Последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната Вардар со Мешков Брест ќе го одигра на 29.март на гости.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
