-->
-->
Седуммина руски пливачи добија забрана за настап на ОИ во Рио
-->
Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) на седуммина руски пливачи им забрани да настапат на Летните олимписките игри во Рио де Женаиро.
ФИНА е првата меѓународна спортска федерација што која се произнесе со забрана, откако во неделата Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) соопшти дека нема да им забрани настап на руските спортисти да учествуваат во Рио поради скандалот со допинг, но дека ќе им остави на релевантните индивидуални федерации да одлучат сами дали ќе воведат санкции за некој спортист.
Меѓу санкционираните се и тројца носители на бронзени медали на Олимпијадата во 2012-та во Лондон и тоа Владимир Морозов, Никита Лобинцев, Јулија Ефимова.
Прва која пак најави санкции за руските спортисти беше Светската атлетска федерација (ИААФ) која на некој начин и го покрена „скандалот„ во организиран допинг на руските спортисти. Дали, челниците на ИААФ ќе останат доследни и пред стартот на Олимпијадата закажан за 5 август ќе изречат санкции останува да се види.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот