-->
-->
Седумгодишно дете повредено во сообраќајка во Дебар
-->
Седумгодишно момче од Дебар вчера доцна попладне е повредено во сообраќајка што се случила на улицата „Зија Мерсоски“ во населбата „Венец 1“, кога во него удрило патничко возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од Дебар.
- Од ударот момчето се здобило со повреди, по што било пренесено во Општата болница во Дебар и било задржано на лекување. На местото на настанот увид извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност во Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи во Охрид.
Според него, по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?