Седумгодишно дете нацрта цртеж: После тоа неговата мајка е уапсена и осудена на доживотен затвор
Аманда Левис (35) осудена е на доживотен затвор поради убиство на ќерката, а клучниот сведок бил неговиот седумгодишен син А.Ј. Детето рекло дека мајката ја удавила нејзината сестра, а како се случило тоа дури и нацртал.
Всушност, Аманда тврдела дека ќерката паднала во базен а сите верувале во таа приказна додека не се појавиле цртежите на детето.
Кога судијата побарал од детето да опише што се случило, тоа рекло: „Ова е мојата мајка и вака ја уби мојата сестра. И ја стави раката преку лицето, за да не вреска“.
Детето подоцна е соочено со својата мајка и тогаш почнало да плаче.
На судењето сведочела и мајката на Аманда која тврдела дека нејзината ќерка ги загубила нервите со девојчето, кое било хиперактивно и имало дефицит на внимание.
Иако е осудена за убиство, неговата мајка тврдела дека некој го наговорил синот да даде таков исказ, додека адвокатот бил убеден дека неговата клиентка е невина.
Ново на Сител
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година
-
Трамп на Генералното собрание на ОН побара запирање на војната во Газа