Седумгодишник од Прилепско лажно пријавил бомба во училиште
Прилепската полиција и обвинителството расчистуваат случај во кој седумгодишен малолетник лажно пријавил дека, наводно, била поставена експлозивна направа во училиштето во селото Житоше во општина Долнени.
Како што информираат од СВР Битола, вчера, 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во училиште во селото Житоше има поставено бомба. Полицијата го расчисти случајот и констатирано е дека станува збор за лажна пријава. Извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото.
Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при прилепската полиција денеска е поднесен извештај до Основното јавно обвинителство – Прилеп поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.
Од Обвинителството велат дека кога е во прашање малолетник, и тоа седумгодишен, се известува Центарот за социјални работи од каде треба да се разговара со родителите и да им се упати укор.
Ваквите ситуации ја загрижуваат јавноста, особено зашто се работи за седумгодишен малолетник. Уште повеќе бидејќи се случува во период кога имаше перманентно лажно пријавување на бомби во училишта.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот