Седумгодишната каталонска криза преку 12 клучни датуми

Каталонија вчера прогласи независност, а Мадрид и ја укина нејзината автомија и ја смени владата. Тензиите меѓу Мадрид и Барселона траат седум години, а нив ги обележуваат 12 клучни датуми.
28 јуни 2010 - Шпанскиот Уставен суд гласа против неколку членови од законот, кои ја зголемуваат автономијата на Каталонија.
11 септември 2012 - Прв протест за независност се одржува во Барселона и на него учествуваат над еден милион луѓе.

9 ноември 2014 - Прв референдум за независност. Тој се спроведува и покрај забраната на Уставниот суд и нема обврзувачки карактер. Од 5,4 милиони гласачи, само два милиона излегле на гласање, а од нив 80 отсто се изјасниле за отцепување од Шпанија.
27 септември 2015 - Коалицијата „Заедно за ДА“ (Junts pel Si), која се бори за независност, победува на регионалните избори и составува влада со поддршка на сепаратистичката партија Кандидатура за народно единство.
6 септември 2017 - Каталонскиот парламент одлучува да одржи референдум за независност. Гласањето во Парламентот е бојкотирано од опозицијата. Шпанскиот Уставен суд уште следниот ден го прогласува за незаконски.
20 септември 2017 - Шпанската полиција конфискува околу 10 милиони гласачки ливчиња за референдумот и апси 14 каталонски политичари и функционери во обид да го спречи гласањето. Следуваат улични протести.
1 октомври 2017 - Референдумот се одржува иако полицијата ги окупира изборните места. Повредени се стотици луѓе во судир со полицијата. Излезноста изнесува 43 отсто, а 90 проценти од нив се изјасниле за независност. Но референдумот минува без набљудувачка мисија и постои сомнеж во регуларноста при гласањето.

3 октомври 2017 - Генерален штрајк за поддршка на независноста на Каталонија. Областа е блокирана, на собир во Барселона излегуваат 700.000 луѓе. Пет дена подоцна во Барселона 350.000 лица учествуваат на протести против независноста.
10 октомври 2017 - Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон изјави дека областа има право да прогласи независност, но го одложува објавувањето, со цел да им се даде предност на преговори со Мадрид.
16 октомври 2017 - Пуџдемон го отфрла првиот ултиматум од страна на Владата во Мадрид да се откаже од плановите за отцепување на регионот.
19 октомври 2017 - Пуџдемон не го прифаќа ниту вториот ултиматум на шпанската Влада, која се заканува со активирање на членот 155 од Уставот, со што времено се укинува автономијата на Каталонија.

27 октомври 2017 - Каталонскиот параламент усвои резолуција за започнување процес за независност. За кратко време, шпанскиот Сенат го одобри активирањето на членот 155 и директно управување над Каталонија. Веднаш потоа, шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека ја повлекува каталонската влада, го распушта каталонскиот парламент и распишува нови регионални избори за 21 декември. гт/16:48
Ново на Сител
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
-

„Безбеден град“: Во март констатирани 26.241 прекршоци, 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло
-

Американската армија досега извшила напади врз повеќе од 12 илјади цели во Иран
-

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, малкумина станаа екстремно богати, затоа има разочарување и иселување
-

Најмногу дожд во Mаврови Анови и на Попова Шапка во изминатите 24 часа
