Седумдесетгодишен делчевец измамен за 1.000 евра

Две непознати лица на 10-ти овој месец измамиле 70-годишен делчевец одземајќи му 1.000 евра.
Како што информира МВР, случајот го пријавил Б.Н. (70) на 10 септември 2016 година во 13.20 часот во Полициската станица - Делчево, а се случил утрото околу 9 часот на ул. „М.М.Брицо“.
Двете непознати лица, како што се наведува во соопштнието, го прашале каде има продавница за авто делови бидејќи имале сообраќајна незгода и едното лице требало да му исплати 100 евра отштета на другото лице. Како сведок го повикале Б.Н. и пред него извршиле примопредавање на 100 евра. Откако едното лице ги зело парите го прашал Б.Н. дали тој има евра. Бидејќи не ги познавал парите сакал да ги види пред да му продаде часовник на другото лице за сума од 3.500 евра, а откако ќе ги земе парите за часовникот ќе му ги врати неговите пари, а за услугата ќе му подари два мобилни телефона. Пријавителот отишол од банка извадил 1.000 евра и му ги дал на лицето. Откако му ги дал еврата, „купувачот“ рекол дека неговата сопруга е во банка за да извади пари за часовникот и заминал. Додека, пак, „продавачот“ како гаранција му го дал часовникот на Б.Н. по што му рекол дека ќе оди да ги земе мобилните телефони од колата. Истиот заминал и не се вратил.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
-

Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
