Седумдесет милиони евра од ЕУ помош за државата за справување со коронавирусот
За неколку денови се очекува првичната помош од ЕУ за справување со коронавирусот. Станува збор за 70 милиони евра што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Ова го соопштија премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата.
– Се што требаше да биде преземено од македонската Влада е направено, во постојана комуникација сме. За неколку дена може да ја очекуваме и првичната помош. Активиран е делот од цивилната заштита. Значи сите активности што треба од страна на македонската Влада и ЕУ се преземаат се со цел заеднички успешно да се справиме со пандемијата, рече премиерот Сасовски одговорајќи на новинарско прашање за тоа дали е добиен одговор од Брисел на барањето на земјава да се испорачаат ветените 50 милиони евра за менаџирање со коронавирусот.
Вицепремиерот европски прашања Османи дополни дека на утринската координација со земјите од ЕУ, му било соопштено дека 70 милиони евра се мобилизирани за помош на РМ за справување со корона вирусот што ќе се активираат во различни фази за здравствениот систем, а потоа и за помош на економијата. Османи кажа дека тоа е потврда оти ЕУ не ни е партнер само на хартија.
Премиерот Спасовски прашан што се презема во однос на активностите за добивање хуманитарна помош, како другите од соседството, Спасовски одговори дека многу работи прави Владата и дека врши и сопствени набавки и обезбедува опрема.
– Имавме заштитна опрема на залихи, очекуваме и помошта од повеќе земји да стигне во земјава за неколку дена. Имаме и свои капацитети што се целосно подготвени за справување. Системот функционира, се што треба да прави Владата прави. Институциите работат со полна пареа, дајте и граѓаните да го направат вистинскиот чекор, а тоа е да останат дома, да помогнат на сите нас додека трае оваа криза, порача Спасовски.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има