Седумдесет мигранти досега побарале азил во Македонија
Во изминатите 24 часа издадени се потврди на 2.217 странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 1.174 се од машки пол, 406 се од женски, 534 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, и 103 деца кои патуваат без родител.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-853, Авганистан-624, Ирак-323, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до вчера издадени се потврди на вкупно 253.369 странски државјани, од кои, 149.859 се од машки пол, 38.340 од женски, 51.994 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, и 13.175деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-156.530, потоа Авганистан-55.585, Ирак-20.564, Иран-5.894, Пакистан-5.303, Палестина-2.122, Сомалија-1.270, Бангладеш-1.205, Мароко-1.162, Конго-514, Либан-428, Алжир-430, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.
Во изминатите 24 часа Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 16 ноември годинава евидентирани се вкупно четири баратели на азил, еден маж, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита два баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и еден маж) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија на граничниот премин Табановце укажале прва помош на 247 лица, поделиле 333 литри вода, 41 пакет со храна, четири кутии по сто пакувања бисквити, седум бебешки сетови, 87 ќебиња, 11 пакети пелени за бебиња....
На граничниот премин и прифатниот камп во Гевгелија Црвениот крст укажал помош на 654 лица, поделил 723 литри вода, 247 пакет со храна, 27 пакети со средства за хигиена, 17 кутии по сто пакувања бисквити, седум бебешки сетови, 297 ќебиња... и обезбедиле транспорт за 13 лица.
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано