Седумдесет години организиран фолклор во Вевчани
Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани вечер со концерт ќе одбележи 70 години организиран фолклор во Вевчани. Поради големиот интерес, ќе бидат одржани два концерта во Домот на културата во Вевчани, во 18 и во 20:30 часот.
- Вевчани е стара населба. Фолклорната традиција е стара колку и населбата, Вевчанскиот карневал е пример за тоа, но, фолклорот како уметност на организиран начин со сигурност може да кажеме дека првпат е претставен на сцена во 1947 година. Среќен сум што ние како генерација на КУД „Дримкол“ одлучивме да го прославиме формирањето на првата играорна група во Вевчани во 1947 година, која успешно се претставила на свеченостите на 11 Октомври во Скопје, изјави претседателот на друштвото Тошо Чочороски.
Тој истакна дека од тогашната играорна група формирана од младите Вевчанци, членови на Сојузот на комунистичката младина на Југославија, преку училишните и младинските групи се пренесува љубовта кон фолклорот, се негува традицијата и се формира денешното КУД „Дримкол“.
- Друштвото денес брои 150 активни членови распоредени во неколку организациски уметнички целини: фолклор, театар, пејачка група, оркестар. Ова за нас е многу значаен јубилеј, бидејќи ги опфаќа сите генерации на играорни групи кои работеле во Вевчани од 1947 година до денес, цели 70 години, истакна Чочороски.
На концертот ќе бидат прикажани орски и вокални изведби од Западна Македонија, Повардарието, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, а програмата ќе почне и заврши со вевчански обредни орски и вокални изведби. Ќе биде прикажан и документарниот филм „70 години организиран фолклор во Вевчани“ во режија на Лидија Мојсоска.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците