-->
-->
Седум застрелани на детски роденден: Гости се искарале пред зграда, дошол непознат и почнал да ги решета
-->
Во пукање кое изби по кавга на роденден на двегодишно дете во Камп Спрингс, во американската сојузна држава Мериленд, се ранети седум лица.
Кавгата почнала во стан, каде 12 возрасни славеле роденден на детето, а продолжила пред зградата.
Во еден момент на луѓето кои „разменувале зборови“ им се доближило непознато лице и почнало да пука во нив, вели Хенк Ставински, шеф на полицијата на округот Принц Џорџ, каде пукањето се случило.
Тројца од седум повредени се во критична состојба, но се очекува сите да преживеат зошто не се животно загрозени, додаде Ставински. Сите седум се на возраст од 18 и 20 години.
Напаѓачот се уште е во бегство, а Ставински вели дека полицијата верува дека напаѓачот делувал сам. Тој исто така вели дека веројатно е дека пред пукањето дошло до вербален судар меѓу гостите и напаѓачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска