-->
-->
Седум лица завршија во болница поради труење со хлор во охридски хотел
-->

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради труење со хлор.
Од СВР Охрид информираат дека вчера во 19:55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.
-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.
За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.
Се работи на расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
-

Ирански ИРГЦ извести за одмазднички напади врз базите на САД и Израел
-

Тричлен совет ќе го води Иран во текот на транзицискиот период по смртта на Хамнеи
-

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
-

Иран ја потврди смртта на Хамнеи, прогласени 40 дена национална жалост
-

Трамп: Хамнеи е мртов, ова е правда и за Иранците и за Американците
