Седум лица повредени во сообраќајки во Скопје
Еден пешак е потешко повреден, а шест се здобиле со полесни повреди во пет сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие. Во шест сообраќајки е причинета материјална штета.
Изминатите 24 часа низ скопските улици се регистрирани 21 лице кое возело побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени тројца возачи почетници и 21 возач пред да се стекнат со правото за управување моторно возило. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 19 технички неисправни возила и едно претоварено возило.
Според билтенот на СВР Скопје, издадени се 67 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 46 возила.
Изминатото деноноќие евидентирани се и 22 возачи кои не носеле сигурносен појас додека возеле и 37 возачи кои зборувале на мобилен телефон. Санкционирани се и тројца возачи на мотор, мопед или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Ново на Сител
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат