Седум лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 11 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во четири била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, пет возачи кои поминале на црвено светло, тројца кои не дале првенство на минување на пешаците на пешачки премин и четворица возачи за неправилно престројување.
Од сообраќај биле исклучени 20 возачи од кои двајца возеле под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и двајца возачи почетници. Биле исклучени и две неисправни возила и 11 нерегистрирани возила.
Санкционирани се и тројца возачи за непоседување зимска опрема, четворица за неносење сигурносен појас и 13 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.
Затекнати биле 98 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 79 возила.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
