-->
-->
Седум лица го загубија животот во пожар во хотел во предградие на Сеул
-->
Најмалку седум лица загинаа во пожар што избувна во хотел во Јужна Кореја во текот на ноќта, соопштија јужнокорејските медиуми, пренесе германската новинска агенција ДПА.
Пожарот избувнал синоќа во градот Бучеон, предградие западно од главниот град Сеул, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Најмалку 12 лица се повредени, од кои тројца се во сериозна состојба, наведува Јонхап. Некои од жртвите загинале откако скокнале од прозорците на зградата.
Пожарот избувнал на осмиот кат од деветкатната зграда, а околу 160 пожарникари биле испратени да го изгаснат огнот.
Спасувачките операции во хотелот продолжуваат, изјавил полициски претставник за Јонхап.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден
-
За заемот од Унгарија ќе се гласа најверојатно во вторник
-
Гужви на „Табановце“: За излез се чека околу 40 минути
-
М-НАВ: Отворена истрага за настанот на небото над Скопје
-
ЦУК: Дождот ќе ги зголеми водостоите на реките, но не постои опасност од поплави
-
Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци