ЦУК: Дождот ќе ги зголеми водостоите на реките, но не постои опасност од поплави
Во текот на денешниот ден на целата територија на државата ќе има врнежи од дожд, што според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат пообилни во крајните западни делови, каде што на места се очекува да паднат над 20 литри на метар квадратен дожд.
Овие врнежи, како што соопштуваат од Центарот на управување со кризи, се очекува да предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава, но во речните корита се уште има доволно простор за примање на овие количини на вода и засега не постои опасност од појава на поплави.
-Денешните врнежи ќе придонесат за наполнување на подземните резерви со вода и прихранување на земјата со влага, што отсуствуваше во изминатиот период, како и за подобрување на состојбата со природните езера и вештачките акумулации низ земјава, велат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел