Loading Video...
Фудбал
4. July 2020 - 19:40

Седум гола на мечот Јунајтед-Борнмут

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа уште еден бравурозен меч на кој постигнаа дури 5 гола полнејќи ја до врв мрежата на Борнмут. 
Сепак резултатот го отворија гостите по извонредната акција на Станислас во 15-тата минута. Следуваше пресврт и три гола во мрежата на Борнмут.  Серијата ја започна Гринвуд во 29-тата минута а само 6 минути подоцна Рашфорд 
успешно изведе пенал за својата екипа.  До крајот на првиот дел гол за водство од 3-1 постигна Марсијал. 
Пенал по игра со рака имаше и за гостите на стартот на вториот дел па Кинг го искористи за ублажување на водството на домашниот тим на 3-2.  До крајот Гринвуд со уште еден гол и Бруно Фернандеш ги поставија конечните 5-2 за Јунајтед. 
Незгоден пораз доживеа Норич пред својата публика и тоа минимален со 1-0 од екипата на Брајтон со што  оваа екипа е се поблиску до преселба во Чемпионшип. Единствениот погодок го постигна Белгиецот Тросард. 
Во Шпанија убедлива победа на Атлетико Мадрид во битката за третата позиција на табелата.  Со 3-0 совладана Мајорка  и тоа со двата гола на Алваро Мората во првиот дел додека мечот го запечати Коке.