Седници на Законодавно-правната и на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.
Oдлуката за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 34/2023) е на дневниот ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Пратениците - членови на оваа комисија ќе расправаат и по Предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „23 Октомври” и за Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври".
Во Собранието денеска Законодавно -правната комисија, како што е најавено, ќе одржи две седници.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство