Седници на шест собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за економски прашања, за култура и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за период од 15.09.2015 до 15.03.2016).
Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе се најде Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија.
Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат по Предлог законот за изменување на Законот за туристички развојни зони во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Предлог законот за зеленило во второ читање и Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во прво читање.
Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледаат Предлог законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје и Предлог законот за изменување на Законот за високото образование, двата во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење во прво читање.
Законодавно-правна комисија денеска треба да одржи две седници.
Ново на Сител
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп