Седници на седум собраниски комисии
![]()
Во Собранието за денеска се најавени седници на повеќе комисии, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финансирање и буџет, за образование, наука и спорт, за култура… Закажани се и седници на Законодавно-правната комисија, како и работен состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со локалните комисии.
Предвидени се две седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на кои треба да се расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање, поднесен од пратеникот Александар Кирацовски, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, 2020-2024 година, како и предлог законите за изменување и дополнување на Изборниот законик и на Законот за јавнообвинителска служба, сите во второ читање, на предлог на пратеници.
На дневен ред на седницата на Комисијата за европски прашања е Предлог-законот за меѓународно приватно право, во второ читање, а на Комисијата за образование, наука и спорт Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, во второ читање.
Две седници ќе одржат и Комисијата за финансирање и буџет, која треба да расправа за предлог – законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни претпријатија, по скратена постапка во второ читање, како и Комисијата за култура, која закажа надзорна расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година“.
Ново на Сител
-

Ребалансот на буџетот и Законот за јавни набавки со над 2000 амандмани на Собраниска седница
-

Филипче: Во кое својство Мицкоски преговара за продажба на Алта Банка?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела
-

Македонија на прво место во сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
-

Неопходно е поголемо спознавање на сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
