Седници на комисиите за европски прашања, политички систем и прашања на изборите и именувањата
Во Собранието денеска ќе заседвааат комисиите за европски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, како и за прашања на изборите и именувањата.
Пред Комисијата за европски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање.
Комисијата за политички систем ќе одржи две седници. На дневен ред на првата е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта во второ читање, а на вотрата Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка во второ читање, поднесен од Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Сурија Рашиди и Никола Мицевски.
На седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе се одржи јавна расправа за утврдување предлог кандидат за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети