Македонија
23. September 2024 - 7:52

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Предлог-одлуката за објавување оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и Предлог-одлуката за именување  претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Членовите на Комисијата ќе разгледаат и барање од заменик-министeр во Владата и барање од пратеник за утврдување надоместок на закупнина на стан.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на дневниот ред е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.