Седници на две собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог - законот за финансиска поддршка на инвестиции во второ читање, измените и дополнувањата на законите за Државен пазарен инспекторат, за технолошки индустриски развојни зони, за основање Агенција за енергетика, за основање Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за Државната статистика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост и за акредитација, сите во второ читање.
Законодавно-правната комисија во рамки на 64.седница ќе расправа за измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, како и за измените на законите за санитарната и здравствената инспекција, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, за лековите и медицинските средства, сите во второ читање.
По завршување на оваа седница, Законодавно-правната комисија ќе ја одржи и 60. седница на која ќе стане збор за измените и дополнувањата на законите за електронско управување, за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за основање на Македонска радиодифузија, за животната средина, за заштита на природата, за финансиска поддршка на инвестиции, за Државен пазарен инспекторат, за технолошки индустриски развојни зони, за основање Агенција за енергетика, за основање Агенција за промоција и поддршка на туризмот, за Државната статистика, за стандардизација, за заштита на конкуренцијата, за индустриската сопственост...
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ