Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за култура и за прашања на изборите и именувањата.
Пред Комисијата за култура е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата, по скратена постапка во второ читање.
Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувања ќе ги разгледуваат предлог-одлуките за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, за основање пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави, како и за избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.
На дневен ред на оваа Комисија е и Предлог-одлуката за резрешување од функцијата заменик на генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
