Седници на четири собраниски комисиии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во прво читање и Предлог-среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2016-2020 година.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да се изјасни за Предлог законот за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во прво читање поднесен од: Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.
Пратениците на Законодавно-правната комисија ќе дебатираат за повеќе точки меѓу кои и за Предлог - измените и дополнувањата на законите за данокот на додадена вредност, за превоз во патниот сообраќај, за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, за Предлог - законот за национална база на податоци за лица со инвалидност, во прво читање, како и за утврдување пречистени текстови на законите за ветеринарно здравство и за безбедност на храна.
Единствена точка на дневен ред на Комисијата за транспорт врски и екологија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во второ читање.
Ново на Сител
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед