Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за здравство, за култура, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.
Пред Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка во второ читање, поднесен од група пратеници, додека пред Комисијата за култура Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за културата по скратена постапка, исто така во второ читање.
Комисијата за труд организира јавна расправа за Предлог-нацрт на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и Предлог-нацртот на Националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година.
Членовите на Комисијата за избори и именувања, пак, ќе утврдуваат одлуки за резрешување на заменик-генералниот секретар на Собарнието на Република Македонија, за основање пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави, за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа,...
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција