Седница на Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на член од Законот за политичките партии, со кој се предвидува политичката партија во рок од 30 дена од денот на одржувањето на основачкото собрание да поднесе барање за запишување во судскиот регистар.
Со барањето за запишување на политичката партија во судскиот регистар покрај другото во оспорениот член од Законот е предвидено основачите на партијата меѓу другите документи до судскиот регистар да достават и оргинал и фотокопија од уверение за државјанство.
Судот денеска ја отфрли иницијативата бидејќи за тоа мериторно одлучувал во 2013 година кога не е поведено постапка за оценување на уставноста на оваа законска одредба.
Судот смета дека предвидувањето на обврската на основачите да достават уверение за државјанство или фотокопие на уверението заверено кај нотар нема за цел да ја ограничи слободата на здружувањето и одвраќање и обесхрабрување на граѓаните да се јават како основачи на партија, туку проверување на веродостојноста на изјавите дека политичка партија основаат граѓани на Република Македонија.
Уставниот суд денеска не поведе постапка за член 2, став 1, алинеја 2, во делот: „културата“ и член 14, став 2, алинеја 19, во делот: „подгрупа 4 – даватели на јавни услуги во областа на културата“ од Законот за вработените во јавниот сектор.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
