Седница на Судскиот совет
Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница ги избра Елизабета Манели Ташевска за претседател на Апелацискиот суд Битола, Дарко Ристов за претседател на Основниот суд Кочани и Милчо Клишески за претседател на Основниот суд Охрид.
Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски најави дека покрај огласот за избор на тројца судии во Врховниот судденеска ќе се објави и оглас за избор на судии во основните судови, за завршените кандидати од 5-та генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со што веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе ги носи нивната судиска функција.
На денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола