Седница на Судскиот совет
Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 491-та седница.
На седницата, како што е објавено на веб страната на Судскиот совет, ќе биде разгледано Упатството за измена и дополнување на Упатството за начинот на пресметување на ефективни работни часови, донесувањето одлуки за престанок на судии поротници нво Основниот суд Струга и за избор на нови судии поротници во овој суд, ќе биде разгледан и усвоен Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на 10 судии во Апелационен суд Скопје, како и донесувањето одлуки за времено упатување на судија во Основен суд Берово и за определување на в.д. претседател на Основниот сду Берово.
На дневен ред се и повеќе претставки и поплаки од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија, Известувањето oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија, како и формирање комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
Ново на Сител
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
