Македонија
26. February 2026 - 16:41

Во Струмица одбележани 22 години од смртта на Трајковски

Струмица одбележа 22 години од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски. И оваа година споменикот „Македонија“, поставен во негова чест, беше местото на кое се собраа членови на неговото семејство, роднини и пријатели, како и претставници на политички партии и граѓански здруженија.

Присутните положија свежо цвеќе и оддадоа почит, сеќавајќи се на улогата што Борис Трајковски ја имаше во значајни моменти од поновата македонска историја. Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, кој говореше за Трајковски, потенцираше дека неговото дело и неговата визија и денес остануваат светол пример за државничка одговорност, мудрост и искрена посветеност кон граѓаните и иднината на Македонија. 

Во знак на почит кон ликот и делото на претседателот Борис Трајковски, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица традиционално и оваа година во Градскиот парк засади дрвце за сеќавање.