Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија
Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница во прво читање го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпад кој има за цел воведување обврска за поседувачите на отпадните масла да водат евиденција за набавените количини и залихи, евиденција на употребените моторни маса, евиденција за начинот на постапување со отпадните моторни масла и за видот и количината на продадени отпадни маси.
Законските измени произлегле од утврдените недостатоци при вршењето на инспекцискиот надзор во однос на обезбедување податоци и следливост за прометот и состојбата со користењето на моторните масла и отпадните моторни масла.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски потенцира дека ваквата состојба наложила обезбедување услови за ефикасен инспекциски надзор над отпадното моторно масло како опасен отпад, кој опфаќа воспоставување евиденција и контрола на увозот и производството на моторно масло, прометот, користењето и постапувањето со отпадното моторно масло.
Предлагачот очекува со законските измени да се подобри контролата врз субјектите кои поседуваат и постапуваат со отпадни масла, вклучувајќи ги и моторните.
Измените налагаат секој поседувач да води евиденција за постапување со маслата и соодветно да докаже дека со отпадното масло постапувал согласно законските прописи и дека го отстранил на прописен начин, односно не го исфрлил во канализација или на земја. Доколку не се совпаднат количините на набавени моторни масла со количините на отпадните моторни масла предадени на лица кои постапуваат со опасен отпад предвидени се прекршочни казни.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток