Македонија
21. November 2025 - 8:30

Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

На дневен ред на Комисија е Предлог-одлуката за одржување на Јавна расправа на тема:„Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“.

Конвенцијата беше потпишана на 11 мај 2011 година во Истанбул, Република Турција, поради што е позната како Истанбулска конвенција. Република Македонија беше меѓу првите земји кои ја потпишаа конвенцијата. Таа беше ратификувана од страна на Собранието на Република Македонија на 22 декември 2017 година, а стапи на сила на 1 јули 2018 година. Конвенцијата содржи 12 поглавја и 82 членови.

 

МИА