Седница на Мешовитата македонско-баварска меѓувладина комисија
Мешовитата македонско-баварска меѓувладина комисија вчера и денеска ја одржа осмата седница.
Со Седницата на која присуствуваа претставници од ресорни министерства копретседаваа Јадранка Чаушевска Димов, директор за билатерални односи со европски држави во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Клаус Улрих, директор за меѓународни односи во Канцеларијата на германската Покраина Баварија.
Двете делегации ги поздравија постигнатите резултати преку имплементираните проекти во изминатите 17 години во областите од заеднички интерес. Континуираната експертска поддршка од Баварија, преку пренесување на знаења во различни полиња е од особено значење за приближување на нашата земја до европските стандарди. Баварската страна го потврди интересот за продолжување на заложбите за партнерска и блиска соработка со Република Македонија.
Двете делегации договорија заеднички проекти во областа на економијата, јавната администрација, образованието и науката, внатрешните работи, правосудството, земјодолството и животната средина, кои ќе се имплементираат во наредниот двегодишен период (2018-2019).
Ново на Сител
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки