Македонија
23. February 2016 - 8:30

Седница на мешовитата комисија за економска соработка на Македонија и Словачка

Прва седница ќе одржи денеска Мешовитата комисија за економска соработка меѓу министерствата за економија на Македонија и Словачка.

Комисијата е формирана врз основа на Меморандумот за разбирање за економска соработка на двете министерствата.

На седницата со македонската страна ќе претседава заменик министерот за економија Христијан Делев, а со словачката, неговиот словачки колега Растислав Чованец.

На седницата е предвидено потпишување протокол за соработка.