Седница на грчкиот владин совет за национална безбедност по најавените активности на Турција во Медитеранот
Начините за реагирање за турската провокација и ситуацијата во Источниот Медитеран биле темите што се разгледале на состанок на владиниот совет за национална безбедност, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Состанокот беше свикан откако рано утрово Турција издаде нова навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч рејс“, што според грчките медиуми, го опфаќа морскиот дел меѓу островите Родос и Кастелоризо.
Хидрографската служба на грчката воена морнарица, како што објавија медиумите во Грција, со контра „Навтекс“ ѝ одговорила на Турција.
Согласно издадената навигациска информација од станицата на Крит, турската служба се карактеризира како неополномоштена, а турската активност како нелегална поради тоа што е во дел во рамките на грчкиот континентален гребен.
Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис, говорејќи за државната телевизија ЕРТ рече дека ги следат сите потези на Турција.
– Смирени сме, но и решени да не прифатиме никаква провокација во морските зони, истакна Герапетритис.
Координатите на денешната турска „Навтекс“, според грчките медиуми се идентични и во истиот морски дел, како и претходната навигациска информација издадена пред 20-ина дена, меѓутоа тогаш, бродот воопшто не ги започна истражувањата, ги заостри односите меѓу Грција и Турција, а германските медиуми тогаш пишуваа дека Ангела Меркел интервенирала за смирување на тензиите.
Овој пат, според весникот „Катимерини“ бродот „Оруч рејс“ во придружба на воени турски бродови плови кон грчкиот континентален гребен за да започне истражувања јужно од Кастелоризо, а издадената „Навтекс“ завршува онаму каде што започнуваат координатите од договорот меѓу Грција и Египет за одредување на Ексклузивната економска зона.
А токму за договорот меѓу Атина и Каиро, грчкиот премиер Мицотакис го информирал претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во нивниот денешен телефонски разговор.
Според грчки владини извори, Мицотакис попладнево ќе разговара и со Генералниот секретар на НАТО.
Ново на Сител
-
Приведен возач во Битола, управувал возило со 104 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Царинска управа: На ГП Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари
-
Приведени тројца малолетници, одзеле пари од угостителски објект на подрачјето на Центар
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа
-
Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците
-
Приведени две лица од Кочани, кај нив е пронајдена дрога, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор
-
Приведени двајца германски државјани на ГП Табановце, во нивните возила најдена е дрога
-
По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море