Македонија
24. October 2017 - 18:37

Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва со почеток во 18 часот ќе одржи седница на која на дневен ред е разгледување и одобрување на дополнување на барање за добивање овластување за набљудување на Локалните избори 2017 година, поднесено од Граѓанска асоцијација МОСТ од Скопје.

ДИК на седницата треба да расправа и за заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето на 15 месецов  по донесување на пресуди и решение на Управниот суд по поднесени тужби за заштита на избирачко право за соодветните општини.