-->
-->
Седнала во авион и ја дочекала бизарна сопатничка: Крај неа седела кукла со купена карта
-->
Писателката и универзитетска професорка Сара Новиќ на кусиот двочасовен чет од Бруклин до Синсинати доживеала големо изненадување.
Професорката Новиќ имала седиште до преминот, но и соседното седиште било зафатено. На него седела кукла.
Како што открива, „застрашувачката кукла“ му припаѓала на мажот со седиште до прозорецот и дури имала и сопствена авионска карта.
Жената го фотографирала необичниот сопатник и го објавила на Твитер како глетка од ужасен кошмар.
-Добри вести: ниту едно лице не седи крај мене во авионот. Лоши вести: седи застрашувачка кукла на мажот кој седи до прозорецот, напиша таа и додаде: И купил и карта.
Работата да биде уште подобра, тука не бил крајот на изненадувањето.
По двочасовниот лет, мажот и неговата кукла Барбара биле сместени карши Новиќ и на следниот лет.
-Патував два часа, се качив на друг авион и пак седам карши него! Добра работа е што Барбара добро се однесува навистина, нашипша шокираната Новиќ, која е Американска со хрватско потекло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО Гостивар почна истрага за грабежот на златара во Гостивар
-
Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Мора да бидеме обединети ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка
-
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
-
Променливо облачно