-->
-->
Седлоски за Спортски новости: Размислувам за Вардар и како да го победам Динамо
-->

Тренерот на македонскиот шампион Вардар и поранешен капитен на Динамо Загреб, Гоце Седлоски во интервју за хрватскиот спортски весник „Спортски новости“ во пресрет на првиот дуел изјави:
- Сите мои мисли се насочени кон првиот натпревар што се игра на 12.јули во Скопје. Нема да кажам ништо ново, дека Динамо е фаворит на хартија. Динамо е најдобриот клуб на Балканот, а секоја сезона игра во Лига шампиони или Лига Европа. Но, ние сме Вардар и не се плашиме од никој.
Седлоски притоа на прашањето дека бил капитен на Динамо и е потенцијален тренер на „модрите“ потенцирал:
- Сега сум тренер на Вардар и размислувам само за Вардар и за тоа како да победам поротив Динамо.
Тренерот на Вардар притоа потенцираше дека и двата клуба ги следат активностите на своијот ривал во подготвителниот период.
фото: fkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
