Себастијан Курц во посета на Источна Украина
Актуелниот претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц денеска допатува во украинскиот град Мариупољ, како прва етапа од неговата посета на Источна Украина.
По пристигнувањето во Мариупољ, Курц изјави дека свесно ја избрал Источна Украина како место на неговата прва посета во улога на претседавач на ОБСЕ, со цел да испрати јасен сигнал дека Австрија активно ќе се фокусира на решавање на украинскиот конфликт.
- Сакам на лице место да се запознам со состојбата, пред да ги посетам Москва и Киев уште во текот на овој месец, изјави Курц, додавајќи дека процесот за надминување на конфликтот во Украина западнал во ќорсокак.
Тој потенцира дека иако Русија не е една од страните во конфликтот, таа има обврски да учествува во решавањето на кризата, бидејќи има големо влијание врз сепаратистите „кога сака тоа да го стори“.
Курц потенцира дека приоритет на ОБСЕ ќе биде обезбредување на трајно примирје во Источна Украина и продолжување на размената на заробеници, што на среден рок би довело до оддржување на локални избори на териториите под контрола на сепаратистите.
При пристигнувањето на аеродромот во Дњепропетровск, Курц беше пречекан од укрианскиот министер за надворешни работи Павло Клинклин и од шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Ертуглу Апакан.
По престојот на Мариупољ, Курц попладневно ќе ја посети линијата на разграничување меѓу двете страни во Источна Украина и ќе има средба со тимот за деминирање на Црвениот крст. Утре тој ќе ја посети прочистителната страница за вода во регионот и ќе разговара со претставници на хуманитарната организација „Каритас“.
Ново на Сител
-
Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
-
Турција планира да гради ѕид на границата со Грција
-
Почина продуцентот Панче (Панта) Мижимаков
-
Сообраќајна несреќа на патот Скопје - Тетово, едно лице се здобило со тешки телесни повреди
-
При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
-
777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
-
При претрес во Кочани пронајдено оружје и дрога - приведени две лица
-
Алкараз: Тоа што Синер не игра во Индијан Велс, не менува ништо