Loading Video...
Балкан
27. December 2022 - 12:22

Се зголемуваат тензиите во северно Косово

Се зголемуваат тензиите на северот на  Косово откакао во текот на ноќта Србите поставија две нови барикади. Едната на мостот кој ги поврзува северниот дел на Митровица со градот Рашка во Србија, другата во северна Митровица што воедно е прва блокада поставена во градското подрачје. 

Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петковиќ рече дека причина за ова се стравувањата на Србите дека косовските воени сили ќе извршат удар. 

Ваквите потези доаѓаат нецели 24 часа откако косовскиот премиер, Албин Курти оствари разговори со првите луѓе на КФОР и ЕУЛЕКС што беше оценето дека ниту еден регионален пат на Косово не смее да биде блокиран од барикади.

Во меѓувреме, српскиот претседател, Александар Вучиќ нареди највисок степен на борбена готовност до ниво на употреба на вооружена сила. Од МНР на Србија информираа дека одлуката доаѓа како резулатат на сложената ситуација на северот на Косово.

Инаку, Србите протестираат веќе 18 дена со барање за ослободување на тројцата нивни сограѓани уапсени додека траат протестите.