Се зголемува бројот на заболени од грип, 63 нови случаи
Изминатата недела (од 23 до 29 октомври) се регистрирани 63 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување за 40 отсто во однос на неделата пред неа (од 16 до 22 октомври), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје на Република Македонија објавен денеска на неговата веб страница.
Споредено со бројот на регистрирани случаи во истиот период минатата сезона, се бележи зголемување од 46,5 отсто.
Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во Подрачната единица Гостивар – 36 заболени лица. Највисока инциденца исто така се бележи во ПЕ Гостивар - 30,1 на 100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Прилеп - 1,1 на 100.000 жители.
Најголем број заболени во текот на оваа недела се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) - 39 случаи (61,9 отсто), а највисока инциденца (6,1 на 100.000 жители) се регистрира кај лицата над 65 години, каде вкупно се пријавени 16 заболени.
Во сезоната 2017/2018 вкупниот број заболени од грип изнесува 123, што е за 28,1 отсто помалку споредено со истиот период минатата година кога било регистрирано 171 заболено лице.
Според пристигнатите извештаи од страна на центри за јавно здравје/подрачни единици, 25.171 лице се вакцинирани заклучно со изминатата недела (од 23 до 29 октомври) на територијата на Република Македонија, и се потрошени 89,9 отсто од вкупниот број набавени вакцини.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот