Се засилува линијата Ало докторе
Од утре линијата за медицински совет ќе биде засилена со тројца нови специјалисти, така што 25 доктори вкупно ќе се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
На телефонската линија за медицински совет Ало докторе досега се остварени вкупно 49.619 повици од нив 1.205 повици за медицински совет се реализирани во текот на изминатите седум дена.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.
На линијата Ало докторе често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.
Од Министерството за здравство информират дека на сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија
Ново на Сител
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон