Се запали панорамско тркало на фестивал во Германија, повредени околу 30 лица
Повеќе од 30 луѓе се повредени откако синоќа се запали панорамско тркало на музичкиот фестивал Хајфилд во близина на источниот германски град Лајпциг, соопшти полицијата.
Според првите наоди, сите повредени се задушиле од чад откако се запалиле двете гондоли на тркалата, изјавила портпаролката на полицијата за ДПА.
Шефот на германскиот Црвен крст изјави дека две лица се тешко повредени.
Портпаролката на полицијата не можеше да ги коментира овие информации. Но, таа рече дека меѓу повредените има и четворица полицајци. Причината за пожарот не е јасна.
Една од гондолите на набљудувачката палуба се запали околу 21 часот. Пожарот потоа се проширил и на втората гондола. Двете гондоли се целосно уништени во пожарот, јавува репортерот на ДПА. Посетител на фестивалот од Келн рече дека панорамското тркало наеднаш се забрзало. Запалените гондоли беа на самиот врв на тркалото.
Ново на Сител
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип
-
Македонија увезува работници, Македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино