Македонија
19. August 2025 - 9:57

Се заканувал на неговата сопруга, приведени две лица од Зајас, при претрес пронајдени се оружје и муниција

На 18.08.2025 околу 23:10 часот во с.Зајас, кичевско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Ф.З.(81) и Ш.З.(50), двајцата од с.Зајас.

Постапувајќи по претходна пријава дека Ш.З. се заканувал на неговата сопруга, со нивна согласност, полициските службеници влегле во нивниот дом и извршиле претрес. Притоа, кај Ш.З. биле пронајдени куршуми и пластичен пиштол, додека кај Ф.З. биле пронајдени и одземени пиштол и 38 куршуми различен калибар.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.