Џет-Сет
19. October 2016 - 12:39

Се за љубов: Еве како Раста ја изненади сопругата Ана

Раперот Раста на својата сопруга Ана Николиќ и го купи најскапото куче на светот, померанцот Бу, за кое платил 7.000 евра односно над милиони динари.

Раста со месеци бараше чистокрвен и ултра мини померанц, а успеа да го набави од најголемиот српски одгледувач  Марјан Коменовиќ.

Тоа е старо година дена, и малечкото не тежи повеќе од килограм и води потекло од шамионатот од Русија, Америка и Англија. Оваа најскапа раса на светот, покрај тоа што предизвикува големо внимание кај луѓето, многу е ретка и затоа има висока цена.

Foto: Telegraf

Вакво ултра мини кучеце тешко до 1 килограм, како ова на Раста, има само уште родената сестра на Бијонсе Ноулс, потоа мајката на Ријана која го доби на подарок од пејачката како и семејството Кардашијан која за него плати дури 25.000 долари.

Foto: Instagram/ananikolicofficial