Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
Се уште се истражува бегството на Артан Груби. Министерот Тошковски вели обвинителството води постапка која треба да покаже дали Груби имал соучесници.
Утврдени се пропусти кај полицаецот кој дозволил Артан Груби да ја помине границата со Косово и тој кривично ќе одговара. Министерот Тошковски вели во изминатите месеци расчистиле со голем број кртови во МВР кои работеле на штета на службата.
Министерот не откри дали имаат сознанија каде се наоѓа пораншениот вицепремиер. Артан Груби е ставен на меѓународна потерница поради сомнение за злоупотреби во државната Лотарија.
Иако е во бегство, против поранешниот вицепремиер се води постапка и за случајот со примање мито за масовно прислушување, поради кој Груби и судијата Енвер Беџети се најдоа на црна листа од Стејт департментот.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар