Се уште чади во подрумските простории на Основниот суд Куманово

Пожарот во подрумските простории на Основниот суд Куманово е локализиран, но сè уште чади од просториите. На терен се сменија повеќе пожарникарски екипи. Од ТППЕ Куманово се надеваат дека за скоро време пожарот целосно ќе биде изгаснат.
Во изјавата за МИА, командирот на смена Борис Станковски кажа дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат, како и направената материјална штета. Од 01:40 часот откако е пријавен пожарот се сменија три екипи со единаесет пожарникари и четири возила.
- Како ТППЕ Куманово имаме вработено 50 луѓе. Моментално за ова ниво на пожар, немаме потреба од помош од соседните општини, изјави Станковски.
Пожарот бил пријавен во 01:35 часот. За пет минути пристигнала првата противпожарна единица. Просторијата што е зафатена е полна со архива.
- Над архивите има инсталација од цевки наменета за парно и вода, но тие се обложени со заштитна гума и таа дополнително прави проблем, бидејќи е зафатена од пожарот. Проблем е и непристапниот терен од лева и десна страна. Се е со книги и имаме проблем за да влеземе повеќе луѓе, појаснува Станковски.
Претседателката на судот, Снежана Манев изјави дека има архива којашто е од почетокот на функционирањето на судот од 50-тите години од минатиот век. Според нејзините првични информации се работи за една до две простории. Таа вели дека веројатно има штета, но не можат да потврдат колкава е.

Одговарајќи на новинарски прашања дека јавноста се сомнева за причините за пожарот кога се работи за вакви институции, таа рече дека во моментот не може да прецизира, но се сомнева на проблеми со инсталацијата за електрична енергија.
- Штом се обезбедат услови, експертите ќе кажат што е причината. Кога ќе завршат, ќе кажеме. Оружјата навреме се предадени, може има некои куршуми, но тие се малку и се на другата страна. Нема опасност од запаливи работи во моментот, вели Манев.
Додава дека последниве години делумно се средени архивските предмети, кои сепак се во огромен број.
Судот беше реконструиран во 2000 и во 2018 година, а Обвинителството беше реконструирано пред неколку години.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
