Се уредува плажата во Николиќ на Дојранско Езеро

Во дојранското село Николиќ, по долгогодишна пауза, се создаваат неопходните услови летово да се врати туризмот и тоа на најубавата плажа на дојранското крајбрежје која се гради на потегот од селото до границата со Грција, изјави градоначалникот на Дојран,Борче Стамов.
Плажата во Николиќ, според најавите од Стамов, наскоро ќе биде достапна за сите туристи, а се уредува во рамки на проект кој е дел од општинската стратегија за развој на туризмот долж целото крајбрежје.
- Почнавме од селото Николиќ како нова туристичка понуда заради неговата питомост и местоположба. Плажата со должина од сто метри моментно ќе биде најубава на Дојранското езеро ова лето. Нејзиното уредување чини 6,3 милиони денари кои се обезбедени преку бирото за развој на Југоисточниот плански регион, рече Стамов.
Од општината најавија дека во иднина ќе се урбанизира и просторот околу плажата со цел да се направи современ авто камп. Пред повеќе од триесет години, кога водата почна да се повлекува, на овој простор се наоѓаше тогаш познатиот автокамп „Ачикот“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
