Се уредува црквата „Свети Атанасиј“ во населбата Оризари, Кочанско
Во црквата „Свети Атанасиј“ во населбата Оризари, која е една од најстарите во кочанско, продолжува уредувањето и фрескосликањето на внатрешниот дел.
Во првата фаза од обновата на црквата целосно е сменета фасадата, поплочен е дворот и започнато е со фрескосликањето на страничниот дел од внатрешноста на црквата.
- Продолжуваме со реновирање на просторот околу црквата. Во рамки на втората фаза старите и веќе во распаѓање потпорни ѕидови околу црквата, ќе ги обновиме целосно, а од западната страна, од кај Оризарска река, со чистењето на просторот од грмушки и дрвја ќе направиме влез до самата црква, изјави Марјанчо Иванов, член на Црковниот одбор од Оризари.
Тој додава дека ќе продолжи и фрескосликањето на внатрешниот дел на црквата до нејзино целосно завршување за што има интерес за донирање на икони од иселеници од Оризари кои живеат или се на привремена работа во европските држави и во Австралија.
Црквата посветена на „Свети Атанасиј“ е градена во 1848 година, потоа е делумно разрушена за повторно да биде изградена 1876 година, а фрескоживописана во таванскиот дел од страна на тајфата на Исаија Макарович од селото Гари. Од 55-те икони колку што има во црквата, 17 се наоѓаат во регистарот на икони на Заводот за заштита на спомениците на културата во Македонија.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот