Се укинуваат задолжителните сертификати или потврди за имунизација од Ковид-19 при влез во земјата
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.
На денешната седница Владата донесе одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата
-
Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград
-
Земјотрес утрово почувствуван во Валандово и околината
-
Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа
-
Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна
-
Јаневска ќе реферира за работата на Министерството за образование и наука во изминатата година
-
Претежно сончево со засилен ветер од северен правец